СУДОТ ПОСЕРИОЗНО ДА ЈА СФАТИ СИТУАЦИЈАТА СО УПАДОТ ВО М-НАВ, СЕ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ, НО И НА ГРАЃАНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА

    СУДОТ ПОСЕРИОЗНО ДА ЈА СФАТИ СИТУАЦИЈАТА СО УПАДОТ ВО М-НАВ, СЕ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ, НО И НА ГРАЃАНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКАЗа работи кои се однесуваат на безбедноста на нашите граѓани, но и на граѓаните ширум светот, не може да има компромис, вели Петровска. (Фото: Министерство за одбрана)

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска го повика судот да ја преиспита одлуката да не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во контролната кула на Скопскиот аеродром и нападнаа контролор на летање на работното место. Таа смета дека судот несериозно ја сфатил ситуацијата.

    „Компромис може да има за многу работи, но за некои работи, особено за работи кои се однесуваат на безбедноста на нашите граѓани, но и на граѓаните ширум светот, не може да има компромис. Во однос на коментарите на судот и на одлуката која што ја донесе, јас не се сложувам и мислам дека треба да се преиспита одлуката. Апсолутно не сакам да влијаам на одлуките на судот од позиција на министер за одбрана, но треба малку посериозно да ја сфатат целата оваа ситуација и ќе имаат веројатно дополнително време. Треба да се има предвид севкупното наше законодавство, меѓутоа и меѓународно преземените обврски“, кажа министерката Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на настан со евроамбасадорот Дејвид Гир.

    Основниот кривичен суд Скопје викендов соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје не доставило докази дека бил загрозен воздушниот сообраќај на 4 јануари, кога Беким Незири и уште седуммина насилници упаднаа во Контролната кула на Скопскиот аеродром при што беше натепан контролор на летање на работното место. Обвинителството бараше притвор за 4 напаѓачи кои се достапни, а по четворица МВР уште трага. Судиите на претходна постапка Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ за четворицата досудија само мерки за претпазливост.

    Од Обвинителстото потоа рекоа дека Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложил причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира