БРИТАНКА ПОДНЕСЕ ПЕТИЦИЈА ДО ВЛАДАТА ЗА ПОСТРОГА РЕГУЛАЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ ОТКАКО ЌЕРКА Ѝ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ПРЕДИЗВИКАН ОД БАТЕРИЈА

    БРИТАНКА ПОДНЕСЕ ПЕТИЦИЈА ДО ВЛАДАТА ЗА ПОСТРОГА РЕГУЛАЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ ОТКАКО ЌЕРКА Ѝ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ПРЕДИЗВИКАН ОД БАТЕРИЈАМинатата година во Лондон имало 183 пожари поврзани со електрични велосипеди и тротинети, што е зголемување од 60 отсто во споредба со 2022 година. (Фото: Пекселс)

    Мајката на жена која загина во пожар предизвикан од батерија на електричен велосипед поднесе петиција до британската влада за подобра регулација. Ќерката на Марија Макаро, 21-годишната Софија Дуарте, почина во пожар во нејзиниот стан во Лондон, на првиот ден од 2023 година.

    Петицијата на Макаро е поддржана од Лондонската противпожарна бригада (ЛФБ).

    Досега, британската влада велеше дека за безбедноста се одговорни тие што ги произведуваат и продаваат производите. Со петицијата се бара од владата да преземе мерки и да имплементира строга регулација на електричните велосипеди и тротинети, како и на батериите и полначите што доаѓаат со нив.

    „Ова многу ми значи мене, бидејќи најважното нешто во мојот живот ми беше одземено, поради глупав велосипед“, кажа Макаро.

    Повеќе од 17.000 потписи се собрани досега за поддршка на петицијата.

    Чарли Пагсли од ЛФБ вели дека „поевтините делови купени онлајн се најчесто понебезбедни и го зголемуваат ризикот од пожар“.

    Според податоците на ЛФБ, минатата година во Лондон имало 183 пожари поврзани со електрични велосипеди и тротинети, што е зголемување од 60 отсто во споредба со 2022 година.

    „Потребна е законска легислатива за да се осигура дека овие производи се построго регулирани“, велат од ЛФБ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира