ЛАУРА КОВЕСИ: КАТИЦЕ, НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ЛАУРА КОВЕСИ: КАТИЦЕ, НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!

    Скопје, 21 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Романската специјална обвинителка Лаура Кодрута Ковеси денеска и порачала на специјалната обвинителка Катица Јанева никогаш да не се разочарува и никогаш да не се откажува при водење на истрагите.

    Тие денеска се сретнаа во просториите на Специјалното обвинителство во Скопје. На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на нејзината колешка и дала некаков совет со оглед на тоа што и двете имаат иста мисија да откриваат корупција во врвовите на власта и се соочуваат со политички опструкции, Лаура Ковеси ни изјави: „Имам порака до Јанева. Не се откажувај! Никогаш не се откажувај! Направи го тоа за твојата држава и за твоите сограѓани, без оглед на пречките со кои ќе се соочиш и кои ќе ти ги постават.“

    За време на собраниската седница Јанева имаше средба со романската специјална обвинителка Лаура Ковеси Двете специјални обвинителки заедно со државниот обвинител Марко Зврлевски утре ќе учествуваат на конференција за антикопрупција која е дел од програмата за антикорупција на американската владина агенција за странска помош УСАИД.

    Лаура Ковеси денеска се сретна и со Зврлевски, кој во последен момент одлучил да учествува на конференцијата.
    Целта на конференцијата е да се отвори дебата за тековните предизвици на Македонија во борбата против корупцијата на високо ниво. За романскиот успех на ова поле ќе говори обвинителката Ковеси, која во својот тригодишен мандат покрена истраги против илјадници високи функционери, од кои еден експремиер, Адријан Настасе заврши в затвор.
    Само во 2015, Ковеси има покренато 1.250 обвиненија за корупција на високо и средно ниво против државни функционери, меѓу кои се и десетици градоначалници, пратеници, и стотици поранешни судии и обвинители. Како што самата ќе изјави, „покренавме истраги и против двајца министри на функција, од кои едниот од министерското столче замина директно во притвор“. Во 90 отсто случаи покренатите обвиненија завршуваат и со судска пресуда. Меѓу осудените, на 10 години затвор за корупција, е и Дан Воикулеску, политички, бизнис и медиумски тајкун, чии медиуми предничат во кампањите за оцрнување на обвинителката Ковеси и дискредитација на ДНА.
    На почетокот на месецов ДНА поднесе обвинение и против еден од најбогатите романски биснисмени Дан Адамеску, за перење пари и злуопотреба на службената должност како директор на најголемата осигурителна компанија во земјата, кој е пуштен од притвор со кауција од 10 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира