СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ВРАТИ НАЗАД ВО КРИВИЧНИОТ СУД СУДИЈКАТА РИСТЕСКА ПРВИН ДА ЈА КАЖЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ, ЗА ДА НЕ ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ОДНОВО, ПА ПОСЛЕ ДА ОДИ ВО АПЕЛАЦИЈА

    СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ВРАТИ НАЗАД ВО КРИВИЧНИОТ СУД СУДИЈКАТА РИСТЕСКА ПРВИН ДА ЈА КАЖЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ, ЗА ДА НЕ ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ОДНОВО, ПА ПОСЛЕ ДА ОДИ ВО АПЕЛАЦИЈАСудијката Александра Ристеска на изречување на пресудата за случајот „Тортура“. (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска итно свика седница откако судијката Александра Ристеска не кажала пред денешната заклетва за судијка во Апелационен суд Скопје дека има недовршена работа во предметот „Ласкарци“ и го доведува во опасност ова долготрајно судење да го врати отпочеток.

    Имено, според Судскиот совет, таа денеска премолчела дека за 25 јануари е закажана објава на пресудата за тешката сообраќајна несреќа кај тетовското село Ласкарци и утринава си дала заклетва за апелациона судијка.

    Со тоа, Ристеска од денеска не е веќе дел од Кривичниот суд Скопје, па постоеше опасност судењето д апочне одново, поради смена на судија (Ристеска во случајов).

    Во десеткуван состав денеска, бидејќи најголемиот дел од членовите на Судскиот совет не дошле на работа, беше одлучено Александра Ристеска да биде времено делегирана назад во Кривичниот суд, до изрекување на првостепената пресуда за предметот „Ласкарци“.

    „На 25 јануари треба да биде објавена пресудата, но јас како претседател првпат дознав денеска кога била закажана објавата. Ме извести претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, но дури во 13.25 часот. Разочарана сум, можеше да се одложи заклетвата. Сега Ристовска нема да биде член на судискиот совет во Кривичниот суд за 25 јануари и постои опасност да се врати судењето отпочеток”, кажа најнапред Дамева.

    Дамева имаше забелешка зошто дури денеска после 13 часот таа како претседател на Судскиот совет е известена за вакво преклопување на заклетвата и на објавата на пресудата за Ласкарци.

    Судијата Ивица Николовски, член на Судскиот совет, ја укори судијката Александра Ристеска која ја потсети на заклетвата и на одговорноста што ја има како судија, да не се однесува вака комотно и да размисли кои би биле последиците за граѓаните, особено за семејствата на жртвите, кога предметот „Ласкарци“ би почнал одново.

    На прашање дали не е ова основ за разрешување на судијката Ристеска, членовите кажаа дека засега ја штител член од Законот за судови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира