АЛЕК БОЛДВИН ПОВТОРНО ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКАТА ХАЛИНА ХАЧИНС

    АЛЕК БОЛДВИН ПОВТОРНО ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКАТА ХАЛИНА ХАЧИНСАко биде прогласен за виновен, Болдвин би можел да добие до 18 месеци затвор (Фото: АП)

    Голема порота во Ново Мексико повторно го обвини актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство, кое се случи на снимањето на вестерн филмот „Раст“ во октомври 2021. Претходните обвиненија против Болдвин беа отфрлени во април, само две недели пред да почне судењето.

    Локалните обвинители во меѓувреме споделиле дополнителни факти од форензичките тестирања на оружјето со кое Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

    Шеесет и петгодишниот Болдвин вежбал со пиштолот „колт“ пред да снима сцена, кога случајно бил истрелан еден куршум, кој фатално ја погодил 42-годишната Хачинс. Тој тврдеше дека не го повлекол чкрапалото туку само орозот на пиштолот, додавајќи дека не е виновен за смртта на Хачинс зашто не знаел дека во оружјето има боева муниција, која не би ни требало да ја има на снимање.

    Сепак, специјални обвинители на Ново Мексико во октомври побарале од форензички експерти да го реконструираат оружјето откако тоа се скршило при тестирањата од ФБИ. Тие кажаа дека го прават тоа за да докажат дека инцидентот можел да се случи само ако било повлечено чкрапалото.

    Иако Алек Болдвин постојано негира дека го повлекол чкрапалото, имајќи ги предвид тестовите, наодите и набљудувањата, чкрапалото морало да се повлече или да се притисне доволно за да се ослободи целосно набиениот или повлечен ороз на револверот“, стои во извештајот.

    Ако биде прогласен за виновен, Болдвин би можел да добие до 18 месеци затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира