МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ 44-ТЕ ЗЕМЈИ ШТО ГО ФОРМИРАА РЕГИСТАРОТ ЗА ШТЕТИ ВО УКРАИНА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД РУСКАТА АГРЕСИЈА

    МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ 44-ТЕ ЗЕМЈИ ШТО ГО ФОРМИРАА РЕГИСТАРОТ ЗА ШТЕТИ ВО УКРАИНА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД РУСКАТА АГРЕСИЈАМакедонија уште на Самитот во Рејкавик минатата година се приклучи на иницијативата - Македонската амбасадорка во Советот на Европа Светлана Гелева (Фото: Фејсбук - приватна архива)

    Најмалку 10 милиони Украинци се очекува да поднесат барања за репарации преку меѓународниот Регистар за штети во Украина, предизвикани од војната со Русија. Директорот на Регистарот Маркијан Клиушковски очекува Украинците да бараат компензација за сè, од загуба на блиски до уништени бизниси и уништување на животната средина.

    На брифинг со новинари во Советот на Европа во Стразбур, тој кажа дека Регистарот ќе собира барања за отштета поврзани со загуба на живот или повреди, поврзани со принудното иселување или депортација, поврзани со мачење или други видови на физичко патење, вклучувајќи сексуално насилството.

    Советот на Европа го основа Регистарот за штети предизвикани од руската агресија против Украина на ланскиот самит во Рејкјавик. И Македонија е една од 44 земји кои што се приклучија на Регистарот. Целта на Регистарот да го пресмета финансиското влијание на војната и да осигура дека Русија ќе одговара во иднина преку репарации.

    Иницијативата е отворена и за земји што не се членки на Советот на Европа.  Досега ја поддрѓаа 39 од 46-те земји членки на Советот на Европа, заедно со Европската унија, плус САД, Јапонија и Канада.

    Барањата за отштета ќе се поднесуваат онлајн до април преку апликација на украинската влада.

    Клиушковски беше прашан дали е гарантирана безбедноста на податоците, бидејќи Украина е постојано цел на хакерски напади од Русија, на што тој одговори дека е свесен за сајбернападите, но дека податоците ќе се чуваат надвор од Украина.

    Собирањето на информации е само првиот чекор, вели тој, а во тек се дискусии во меѓународната заедница како ќе се финансира компензацијата на штетите. Според меѓународното право, Русија е агресорот и веќе има должност да плаќа репарации, вели директорот на Регистарот, но во моментов тој не очекува такво нешто да се случи.

    Г. МИХАЈЛОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира