ЈОВАН МИТРЕСКИ ОД СДСМ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО ПО ОСТАВКАТА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ, КОЈ СЕ СПРЕМА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР

    ЈОВАН МИТРЕСКИ ОД СДСМ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО ПО ОСТАВКАТА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ, КОЈ СЕ СПРЕМА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕРМитрески на функцијата ќе остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав (Фото:СДК.МК)

    Пратеникот од СДСМ Јован Митрески е новиот претседател на Собранието, откако денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ беше избран на функцијата.

    По ова беше извршено примопредавање во кабинетот на Талат Џафери кој вчера си поднесе оставка и се спрема да добие мандат денеска од претседателот Стево Пендаровски, за утре да му поднесе на Парламентот предлог за нова, техничка Влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ.

    Митрески на функцијата ќе остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав.

    Ковачевски и Џафери не ги образложија своите оставки, зашто се подразбираат и произлегуваат како законска обврска.

    Техничкиот премиер Џафери и техничката Влада треба да бидат изгласани најдоцна до недела на полноќ. Од таквата Влада се чека да ги спроведе изборите на 8 мај 2024 година, а потоа ќе има нов Парламент и нова Влада.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира