ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГИ ДЕЛИМЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ВМРО И СДСМ, АПЕЛИРАШЕ ИЛИЕВСКА ОД БИТОЛСКИОТ СОВЕТ

    ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГИ ДЕЛИМЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ВМРО И СДСМ, АПЕЛИРАШЕ ИЛИЕВСКА ОД БИТОЛСКИОТ СОВЕТВо Општина Битола се расправаше дали да се отстапат простории на месни заедници да се користат како пензионерски клубови. (Фото: Фејсбук)

    Здружението на пензионери од Битола побара од Општина Битола да им отстапи на времено користење, без надоместок, дел од просториите на месните заедници за да се искористат како пензионерски клубови.

    На Комисијата за финaнсии и буџет, претставникот од Општина Битола рече дека според Законот за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост, недвижниот имот Општината може да ги даде само на државни органи и на правни лица основани од државата, а Здружението на пензионери има несоодветна правна форма.

    По ова претседателката на Советот Габриела Илиевска од независната советничка група Поинаку, побара од општината да ѝ достават информација дали претходно им се издавал општински имот на други невладини организации.

    Незадоволна од одговорот, на вчерашната седница на Советот таа апелираше „да престанеме да ги делиме пензионерите на ВМРО и СДСМ“.

    „Идентични вакви одлуки се донесени во неколку општини меѓу кои и општината каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО- ДПМНЕ, и во Центар каде градоначалникот е од СДСМ. Ако може да престанеме сè да делиме, еве стигнавме очигледно и пензионерите да ги делиме на СДСМ и ВМРО. Тие се луѓе кои живеат во овој град, имаат здружение со голем број членови и сметам дека треба да имаат такви простори. И не се коси со ниеден закон“, рече Илиевска.

    Мнозинството во Советот го изгласа ваквиот предлог, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира