ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА 13 ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈАТА, ЌЕ ОДМОРА ДО АПРИЛ

    ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА 13 ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈАТА, ЌЕ ОДМОРА ДО АПРИЛБританското кралско семејство не откри што оперирала Кејт (Фото: Гети)

    Војвотката од Велс излезе од болница по речиси две недели откако имаше операција на стомакот. Палатата Кенсингтон објави дека принцезата Кејт е вратена во својот дом во Виндзор и дека добро закрепнува.

    Четириесет и двегодишната Кејт помина 13 ноќи во болница по операцијата. Британското кралско семејство не откри што оперирала Кејт, освен дека не станува збор за рак, но кажа дека рехабилитацијата ќе трае со месеци. Таа нема да им се врати на своите јавни задолженија до Велигден на крајот на март.

    Таа престојуваше во истата приватна болница каде што беше примен и кралот Чарлс, кој во петокот беше подложен на „корективна“ процедура за проширена простата. Според Националната здравствена служба, и неговиот проблем не е канцероген и е вообичаен за постарите луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира