САД ЌЕ НАПАДНАТ ИРАНСКИ ЦЕЛИ ВО ИРАК И СИРИЈА КАКО ОДМАЗДА ЗА СМРТТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЈОРДАН

    САД ЌЕ НАПАДНАТ ИРАНСКИ ЦЕЛИ ВО ИРАК И СИРИЈА КАКО ОДМАЗДА ЗА СМРТТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЈОРДАННападите ќе траат неколку дена, а кога ќе бидат лансирани, ќе зависи од временските прилики (Фото: Гети)

    САД одобриле план за серија напади врз ирански цели во Ирак и Сирија, како одмазда за неодамнешниот напад со дрон врз воена база во Јордан, кога загинаа тројца американски војници, а десетици беа ранети. Како што објави „Си-Би-Ес њуз“, официјални лица кажаа дека нападите ќе траат неколку дена, а кога ќе бидат лансирани, ќе зависи од временските прилики.

    Џо Бајден ги обвини проиранските милитантни групи во Ирак за нападот, додека Иран ја негираше вмешаноста. И покрај домашните политички притисоци да се нападнат цели во Иран, Бајден изрази воздржаност, не сакајќи да ризикува вклучување на САД во поширока војна на Блиски Исток.

    Се верува дека зад нападот во Јордан стои Исламски отпор во Ирак, група која обединува повеќе милитантни милиции, вооружени и обучувани од Иранската револуционерна гарда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира