Фиренца се претвори во проститутка поради масовниот туризам, рече Сесил Холберг, директорката на „Галерија дел’Академија“. Таа е германска историчарка на уметност, која е на чело на музејот од 2015. Иако директорката се извини, италијанските политичари ја критикуваа бидејќи нејзината изјава е навредлива за жителите на Фиренца.
„Кога еден град ќе стане проститутка, тешко е повторно да стане девица“, изјави Холберг на неодамнешна прес-конференција. „Веќе не можеме да најдеме нормална продавница, туку само продавници со сувенири. Тоа треба да се прекине“, додаде таа.
Изјавата на Холберг веднаш наиде на критики од италијанскиот министер за култура и градоначалникот на Фиренца, кои коментираа дека италијанските музеи отсекогаш ги раководеле Италијанци.
Мандатот на Холберг во музејот завршува во јуни, а пред овој скандал имаше апели да не ѝ се продолжи договорот и наместо тоа да му се додели на Италијанец.
Во 2014, италијанскиот министер за култура Дарио Франческини ги отвори сите директорски места на музеите за странци, а актуелната премиерка на Италија Џорџа Мелони рече дека ќе го коригира тоа со истекување на договорите.