НАД 100 ЗАГИНАТИ И СТОТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ПОЖАР ВО ЧИЛЕ ДОСЕГА

    НАД 100 ЗАГИНАТИ И СТОТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ПОЖАР ВО ЧИЛЕ ДОСЕГАПожарот, кој доби голема сила во петокот, збриша цели населби (Фото: ЕПА)

    Најмалку 112 луѓе загинаа во шумските пожари во регионот Валпараисо во Чиле, а стотици се водат како исчезнати. Претседателот Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе бидат ангажирани сите потребни ресурси за справување со најголемата природна катастрофа во земјата од земјотресот во 2010 година.

    Ова е трагедија со многу голема мангнитуда“, изјави Бориќ, откако за еден ден бројот на загинати порасна од 51 на 112.

    Властите сметаат дека ова е најсмртоносниот пожар во историјата на Чиле. Многумина од погодените биле во посета на крајбрежниот регион за време на летните одмори.

    Спасувачките екипи се мачат да стигнат до најтешко погодените области, а министерката за внатрешни работи Каролина Тоха изјави дека бројот на загинати ќе биде многу поголем.

    Пожарот, кој доби на сила во петокот, збриша цели населби. Властите проценуваат дека досега се оштетени или уништени меѓу 3.000 и 6.000 домови, а изгорела и познатата ботаничка градина во градот Виња дел Мар, основана во 1931 година. На терен се распоредени околу 1.400 пожарникари, а помага и војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира