КРАЛОТ ЧАРЛС ИМА РАК, ОД ДЕНЕСКА Е НА ЛЕКУВАЊЕ

    КРАЛОТ ЧАРЛС ИМА РАК, ОД ДЕНЕСКА Е НА ЛЕКУВАЊЕПалатата не кажа за каков тип на рак станува збор

    На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак, објави Бакингамската палата. Не станува збор за рак на простата, но болеста била откриена при неодамнешното лекување на проширена простата.

    Палатата не кажа за каков тип на рак станува збор, освен дека денеска почнал со „нормално лекување“.

    Кралот останува целосно позитивен околу лекувањето и едвај чека да се врати на своите јавни должности што е можно поскоро“, објави Бакингамската палата.

    Тој ќе ги откаже своите јавни ангажмани и се очекува други членови на кралското семејство да го менуваат за време на лекувањето. Други детали за ракот и за прогнозите не се објавени.

    Иако привремено нема да ги врши своите јавни должности, тој ќе продолжи со улогата на шеф на државата, вклучувајќи папирологија и приватни средби.

    Чарлс (75) беше подложен на процедура за проширена простата во приватна лондонска болница пред повеќе од една недела. Од палатата тогаш кажаа дека тој решил да излезе во јавност за своите здравствени проблеми со цел да охрабри други мажи да се проверат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира