БИВШИОТ ВОДИТЕЛ НА „ФОКС“ ТАКЕР КАРЛСОН ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ГО ИНТЕРВЈУИРА ПУТИН ЗАШТО АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    БИВШИОТ ВОДИТЕЛ НА „ФОКС“ ТАКЕР КАРЛСОН ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ГО ИНТЕРВЈУИРА ПУТИН ЗАШТО АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАТакер Карлсон е првиот западен новинар кој ќе прави интервју со Путин од почетокот на руската инвазија (Фото: АП)

    Бившиот водител на „Фокс“, Такер Карлсон, потврди дека наскоро ќе го интервјуира Владимир Путин во Москва. Тој кажа дека сака да го направи ова интервју зашто Американците имаат право да знаат сѐ што можат за војната во која што се вмешани.

    Тоа ќе биде прво интервју на Путин со некој западен новинар откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022. Кремљ засега не го коментираше ова, додека руските медиуми со огромен интерес ја следат посетата на Карлсон.

    Има ризици од правењето на вакво интервју, тоа е очигледно, па го осмислувавме неколку месеци“, објави Карлсон на Икс.

    Тој кажа дека самиот си го платил патот во Русија зашто Американците не се информирани за конфликтот кој го обликува светот, за што ги обвини популарните медиуми.

    Од почетокот на војната, западните новинари го имаат интервјуирано Володимир Зеленски. Но, тоа се подготвени сесии кои имаат за цел да ги засилат неговите барања за уште поголемо вклучување на САД во војната. Тоа не е новинарство, тоа е владина пропаганда. Во исто време, ниеден западен новинар не се потрудил да го интервјуира Путин“, вели Карлсон, кој неколкупати го нарече Зеленски диктатор.

    Од Би-Би-Си кажаа дека нивниот дописник од Москва, Стив Розенберг, неколкупати бил одбиен за интервју со Путин.

    Такер Карлсон гласно го брани Путин од почетокот на војната. Тој е еден од најпопуларните ТВ-водители во САД, но лани ненадејно го напушти „Фокс њуз“ и отвори свој стриминг канал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира