ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ ЕФРЕМОВ, КОЈ СЕДУМ ГОДИНИ ЖИВЕЕ САМ ВО КУЌА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА, ДОБИ ПОМОШ ОД ЦРВЕН КРСТ

    ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ ЕФРЕМОВ, КОЈ СЕДУМ ГОДИНИ ЖИВЕЕ САМ ВО КУЌА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА, ДОБИ ПОМОШ ОД ЦРВЕН КРСТЕфремов доби храна, облека и ќебиња, а најавена е и нова помош (Фото: СДК.МК)

    По објавата дека штипјанецот Панче Ефремов живее сам во трошна куќа и седум години е без струја и вода, без шпорет, телевизор и мобилен телефон, тој ја доби првата помош од штипскиот Црвен крст.

    Помошта е во храна, облека и ќебиња. Планираме нова помош во наредните денови, посебно што сега видовме дека живее во куќа која е во распаѓање и нема елементарни услови за живеење“, рече Деспина Димитровска, секретарка на Црвениот крст во Штип, при донирањето на помошта.

    Претходно, САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека Ефремов откако останал сам по смртта на родителите и сестра му почнал да прима социјална помош од околу 5.000 денари, со која не можел да ги подмирува сметките за струја и вода, па тие му биле исклучени и бил даден на суд.

    Ретко да има повеќе од еден оброк дневно. Преживува од социјалната помош и од она што го заработува кога комшиите го викаат нешто да им помогне, а тие му плаќаат за тоа колку можат. Велат дека му даваат и храна и вода.

    Не се откажувам од намерата да најдам постојана работа. Ако некоја компанија ми излезе во пресрет, ќе работам колку што можам, и покрај нарушената здравствена состојба поради простатата“, вели 58-годишниот Ефремов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира