БИВШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРЕМИЕР ФАН АХТ И НЕГОВАТА СОПРУГА ЗАЕДНО ЕВТАНАЗИРАНИ ОТКАКО ПОМИНАЛЕ ВО БРАК 70 ГОДИНИ

    БИВШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРЕМИЕР ФАН АХТ И НЕГОВАТА СОПРУГА ЗАЕДНО ЕВТАНАЗИРАНИ ОТКАКО ПОМИНАЛЕ ВО БРАК 70 ГОДИНИФан Ахт беше премиер од 1977 до 1982 (Фото: АНП)

    Поранешниот холандски премиер Дрис фан Ахт и неговата сопруга Еугени заедно беа евтаназирани, држејќи се за раце. Двајцата имаа 93 години.

    Случаи на двојна евтаназија се во пораст во Холандија. Таа првпат почнала да се применува во 2020, кога 26 двојки се решиле за заедничка асистирана смрт. Овој број пораснал на 32 во 2021, а во 2022 имало 58 случаи на двојна евтаназија.

    Како лидер на Демохристијанската партија, Фан Ахт беше премиер од 1977 до 1982 година.

    Иако беше католик, Дрис секогаш го избирал својот пат, заедно со својата сопруга, со која помина во брак 70 години. Тие избраа и да умрат заедно, држејќи се за раце“, кажаа од нивното семејство.

    Евтаназијата е легална во Холандија за шест здравствени состојби од 2002 и во 2022 на овој начин избрале да умрат 8.720 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира