МИТРЕСКИ ГИ РАСПИША ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ И 8 МАЈ

    МИТРЕСКИ ГИ РАСПИША ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ И 8 МАЈПрвиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, а на 8 мај ќе се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. - Претседателот на Собранието Јован Митрески (Фото: Собрание)

    Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ги распиша претседателските и парламентарните избори. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, а на 8 мај ќе се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.

    „Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од 7. претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за 11. парламентарни избори, односно на 8 мај“, кажа Митрески на прес-конференција во Собранието.

    Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија и да усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.

    „Верувам дека во изборниот период што претстои, сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти ќе дадат свој придонес да имаме фер и демократски изборен процес, на ниво какво што заслужува една демократска држава, членка на НАТО, држава која го оди патот кон полноправно членство во Европската Унија“, рече Митрески.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира