СИТЕ КОИ ВО СКОПЈЕ СЕ СЛИКАЛЕ ЗА ПАСОШ ВО МРТВ ИЛИ ВО „ПРОЛЕТ“ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ДОБИВААТ СМС-ПОРАКА ДЕКА МОЖАТ ДА СИ ГО ЗЕМАТ

    СИТЕ КОИ ВО СКОПЈЕ СЕ СЛИКАЛЕ ЗА ПАСОШ ВО МРТВ ИЛИ ВО „ПРОЛЕТ“ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ДОБИВААТ СМС-ПОРАКА ДЕКА МОЖАТ ДА СИ ГО ЗЕМАТИ на интернет страницата на МВР ќе може да се провери дали пасошот е изготвен (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи објави дека од понеделник (19 февруари) ќе се олесни подигнувањето готови пасоши за граѓаните кои се фотографирале во објектот во МРТВ или во полициската станица во населбата Пролет во Скопје. Тие ќе добијат СМС-порака преку која ќе бидат информирани дека можат да дојдат да си го подигнат пасошот.

    Исто така, ќе можат да проверат на интернет страницата mvr.gov.mk дали нивниот пасош е изготвен.

    „Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС-порака или доколку на интернет страницата на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот во МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов“, соопшти МВР.

    Оние кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови ќе си ги земаат пасошите на ист начин како досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира