Годинашното издание на биеналниот ликовен настан Зимски салон ќе се отвори на 22 февруари во Чифте амам, сооошти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Годинава селекторка е Оксана Карповиц, кураторка од Украина, а концептот е „Интимност и меѓусебна поврзаност“. Зададената тема претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со оваа тема во различни ликовни медиуми.
„Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз“, велат од ДЛУМ.
Зимскиот салон ќе трае до 7 март.