Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе им ја одземе моќта на бирократите и политичарите од Вашингтон и ќе им ја врати на луѓето. На денешната инаугурациски говор, тој најави дека „од денеска па натаму, нова визија ќе владее со нашата земја. Од овој момент, ќе биде Америка пред сè“.
„Ние, граѓаните на Америка сме сега обединети во голем национален напор да ја изградиме нашата земја и да ја вратиме надежта за сите наши луѓе. Заедно ќе го одредиме курсот на Америка и светот за многу, многу години во иднина“, кажа Трамп откако даде заклетва како 45. претседател на САД во Вашингтон.
Неговата сопруга Меланија, облечена во светло сино, стоеше покрај него на церемонијата. Неговите пет деца му се приклучија на подиумот. Поранешните претседатели, вклучувајќи го и последниот Барак Обама, членови на конгресот и Врховниот суд и неговиот противник на изборите, Хилари Клинтон, исто така, беа на сцената.