САШО МИЈАЛКОВ ОСЛОБОДЕН ВО „ТРЕЗОР“ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА СЛЕДЕЊЕ ОД БРИТАНИЈА

    САШО МИЈАЛКОВ ОСЛОБОДЕН ВО „ТРЕЗОР“ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА СЛЕДЕЊЕ ОД БРИТАНИЈАОва беше повторено судење за „Трезор“ откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујовски и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, обвинети за злоупотреби во предметот „Трезор“ во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

    Како што кажа денеска судијката Имране Селмани, обвинетите се ослободуваат од обвинението бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

    Ова беше повторено судење за „Трезор“ откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

    Првичното судење заврши со осудителна пресуда за Сашо Мијалков од 8 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира