ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ СТАНА ФАВОРИТ ДА БИДЕ НОВ ШЕФ НА НАТО, ГО ПОДДРЖАА САД, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА

    ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ СТАНА ФАВОРИТ ДА БИДЕ НОВ ШЕФ НА НАТО, ГО ПОДДРЖАА САД, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈАРуте е холандски премиер со најдолг стаж во историјата (Фото: АП)

    Шансите на сѐ уште актуелниот холандски премиер Марк Руте да биде нов генерален секретар на НАТО значително пораснаа откако тој денеска доби поддршка од САД, Велика Британија, Франција и Германија. Сегашниот шеф Јенс Столтенберг има мандат до октомври.

    Претседателот Бајден силно ја поддржува кандидатурата на Руте. Тој има длабоко разбирање на важноста на алијансата и е природен лидер и комуникатор“, изјави еден американски функционер.

    Холандскиот премиер со најдолг стаж имаше добри односи со разни британски, европски и американски лидери во своите мандати, вклучувајќи го и Доналд Трамп. Викендов, тој ги повика европските лидери да престанат да се жалат и кукаат поради Трамп и да се фокусираат на тоа како да се помогне одбраната на Украина.

    Тројца дипломати кажаа дека Руте има поддршка од 20-ина членки на НАТО, но договор засега не е постигнат. Шефот на НАТО се избира со консензус.

    Покрај Руте, кандидатура најавија и естонската премиерка Каја Калас и летонскиот министер за надворешни работи Крисјанис Каринс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира