ДОПОЛНИТЕЛИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ВО МВР БОЈМАЦЛИЕВ ПРЕЧЕКА НОВА ПРАТКА ОД 140.000 ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА

    ДОПОЛНИТЕЛИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ВО МВР БОЈМАЦЛИЕВ ПРЕЧЕКА НОВА ПРАТКА ОД 140.000 ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦАБојмацлиев најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира бројката од 225.000 обрасци. (Фото: Фејсбук)

    Новата пратка од 140.000 обрасци за пасоши ја пречека синоќа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица. Тој најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира бројката од 225.000 обрасци.

    „Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, соопшти Бојмацалиев во објава на Фејсбук.

    Притоа, Бојмацалиев апелира до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на пасошите, и вели дека „вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи“.

    Според Преспанскиот договор, пасошите без новото име Северна Македонија престанаа да важат на 13 февруари годинава. Важењето на возачките и сообраќајните дозволи со старото име, со измени во законот беше продолжена до крајот на годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира