СИЛНИ ВОЗДУШНИ СТРУИ ПОМОГНАА КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ ДА ЈА ДОСТИГНЕ БРЗИНАТА НА ЗВУКОТ, КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПОЧНАА ДА ВЛИЈААТ НА АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ

    СИЛНИ ВОЗДУШНИ СТРУИ ПОМОГНАА КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ ДА ЈА ДОСТИГНЕ БРЗИНАТА НА ЗВУКОТ, КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПОЧНАА ДА ВЛИЈААТ НА АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗСтанува збор за лет на „Јунајтед Ерлајнс“ од Њујорк до Лисабон, кој стигна 20 минути порано од предвиденото на 18 февруари. (Фото: ФалјтАвеар/принтскрин)

    Во ера кога дискусијата околу климатските промени често натежнува кон лошите страни, неодамнешен лет од Њујорк до Лисабон покажа едно ново поглавје во наративот. Комерцијален авион, фатен во моќна воздушна струја, достигна брзина од 1.343 километри на час, далеку надминувајќи ја типичната брзина на крстосување од 920 км/ч, но и брзината на звукот од 1.234 км/ч. Станува збор за лет на „Јунајтед Ерлајнс“, кој стигна 20 минути порано од предвиденото на 18 февруари.

    Овој настан покренува многу прашања околу иднината на патувањето со авион во време на глобално затоплување.

    Феноменот зад забрзаното патување е воздушната струја, која што циркулира на голема височина ширум земјината топка. Овие ветрови, од запад кон исток, неретко влијаат на авионските летови, но нивното засилување можеби е директна последица на климатските промени.

    Слични настани биле причина летови преку Атлантикот да стигнат побрзо од предвиденото, но овој лет од Њујорк до Лисабон се движеше близу до брзината на звукот и е мал увид во тоа како би можел да изгледа авионскиот сообраќај под влијание на климатските промени.

    Иако покусите летови можеби изгледаат како позитивна работа, пошироките импликации од затоплувањето на планетата се комплексни. Конкретно за авионскиот превоз, воздушните струи ја зголемуваат можноста на турбуленции, што е еден аспект на летовите доста непосакуван од патниците.

    Исто така, бидејќи воздушните струи одат од запад кон исток, летовите во обратна насока можат да бидат потешки. Дополнително, зголемувањето на турбуленциите би било причина за унапредување на дизајнот на авионите и стратегиите за креирање рути за летовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира