ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПРЕДЛАГА ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ МИЛИЈАРДИ ДА СЕ УПОТРЕБАТ ЗА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА

    ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПРЕДЛАГА ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ МИЛИЈАРДИ ДА СЕ УПОТРЕБАТ ЗА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНАФон дер Лајен вели дека не постои моментален ризик од војна за Европската Унија, но таа не е невозможна (Фото: СДК.МК)

    Европската Унија би требала да ја разгледа опцијата за искористување на замрзнатите руски средства за купување оружје и муниција за Украина, предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Време е да почнеме разговори за користење на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување воена опрема за Украина. Нема да има поголема симболика и подобра употреба на тие пари од тоа Украина и цела Европа да се направат побезбедни. Веќе не треба да има илузии: Путин ги искористи дивидендите за подготовките за војна“, изјави Фон дер Лајен.

    Таа додаде дека не постои моментален ризик од војна за Европската Унија, но не е невозможна.

    Ризиците од војна не треба да бидат претерани, но треба да бидеме подготвени, а тоа може да се постигне само со обнова, надополнување и модернизација на вооружените сили“, кажа таа.

    Моментално не постои консензус околу прашањето на легалноста на користењето на околу 300 милијарди долари руски средства кои се замрзнати од членките на Г7. Извор од Брисел изјави дека Европската комисија ќе излезе со формален предлог за две недели. Тој во секој случај ќе мора да добие поддршка од сите 27 членки на ЕУ, кои се согласија неочекуваните профити да се стават настрана, не и како би се користеле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира