РУСИЈА ОБЈАВИ СНИМКА ОД РАЗГОВОР НА ГЕРМАНСКИ АРМИСКИ ОФИЦЕРИ ЗА ВООРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНА

    РУСИЈА ОБЈАВИ СНИМКА ОД РАЗГОВОР НА ГЕРМАНСКИ АРМИСКИ ОФИЦЕРИ ЗА ВООРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНАНа маршот во Келн демонстрантите бараа германската влада да ја вооружи Украина со проектили „таурус“. (Фото: Гети)

    Германија го истражува очигледното прислушување од Русија на армиски офицери кои разговараат за снабдување на Украина со ракети со долг дострел – и можни цели. Аудио од видеоконференцијата беше објавено на социјалните мрежи од шефот на рускиот државен канал РТ. Офицерите разговараат за тоа како проектилите би можеле да го погодат мостот Керч, кој ја поврзува Русија со нелегално анектираниот Крим. Руските политичари рекоа дека аудиото докажува оти нивниот „заколнат непријател“ планира напади.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го нарече очигледното протекување „многу сериозна работа и затоа сега се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо“.

    Според списанието „Шпигел“, видеоконференцијата не се одржала на тајна внатрешна армиска мрежа туку на платформата ВебЕкс. 38-минутното аудио вчера беше објавено од шефицата на РТ Маргарита Симонјан, која рече дека тоа е доказ оти Германија планира напади на Крим.

    На снимката се слушаат дискусии за можна употреба од украинските сили на ракети Таурус од германско производство и нивното потенцијално влијание. Портпаролката на германското Министерство за одбрана изјави за новинската агенција АФП дека бил прислушуван таен разговор на воздухопловните сили. Сепак, таа рече дека „не може со сигурност да каже“ дали гласовите на снимката биле манипулирани пред објавувањето.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова побара Германија „навремено“ да даде објаснувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира