ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МОБИНГ ПРОТИВ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1 ПАНЧЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МОБИНГ ПРОТИВ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1 ПАНЧЕВСКИ

    Во Основниот суд Скопје 2 денеска почнува судскиот процес против експретседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Него го тужи поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд Горан Стаменковски за мобинг.

    На 28 декември лани, Основниот суд Скопје 2 ја прифати приватната тужба за мобинг поднесена од Стаменковски. Тужбата била поткрепена со докази за неосновано деградирање на Стаменковски од раководното место и со изјави на сведоци од Основниот суд Скопје 1.

    Војната меѓу Панчевски и Стаменковски почна на 15 ноември, кога Основниот суд Скопје 1 соопшти дека тој вербално и физички ја нападнал портпаролката Паула Костадиноска, поради што таа таму викнала и полиција. Панчевски тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека политичката ситуација влијаела врз напаѓачот Стаменковски да ѝ се втурне во канцеларија на портпаролката, да ја навреди и да ѝ се закани. Тој тогаш најави дисциплинска постапка против Стаменковски.

    По ова Стаменковски и група вработени, на Панчевски му поднесоа кривична пријава со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас.

    Во врска со огласот прво усно реагирал раководителот на секторот за човеки ресурси во Основниот суд Скопје 1 Горан Стаменковски, но на 18 ноември, сепак, била донесена одлука и за судски администратор била избарана Роза Кавазова, која претходно работела како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Кривичниот суд. Вработените во кривичната пријава го товарат Панчевски дека тргнувајќи од личното пријателство со Кавазова, ја злоупотребил службената положба, ги пречекорил службените овластувања и ја избрал Кавазова за судски администратор.

    На почетокот на ноември, пак, кривична пријава против Панчевски за примање награда за противзаконито влијание поднесе судијата Иван Џолев. На кривичната пријава претседателот на Кривичниот суд одговори со контрапријава против Џолев за лажно пријавување кривично дело.

    Првата ја отфрли Јавното обвинителство на чело со Марко Зврлевски како неоснована, а втората е предадена во надлежност на Основното јавно обвинителство -Скопје. Десетина дена подоцна, 13 судии од Кривичниот суд до Судскиот совет поднесоа претставка против Панчевски, во која го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната Интернет страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“. По сослушувањето во Судскиот совет, за овој случај е формирана претставка и таа сега е процесирана пред Советот за утврдување на факти за разрешување на судија.

    Но, и покрај овие бројни пријави, Судскиот совет со вонредното оценување му ја поправи оценката на Панчевски од тројка во највисока, четворка, а на противкандидатот Иван Џолев, судија од Кривичниот суд, му ја задржа четворката, но му ги намали бодовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира