ЈАПОНСКИОТ АРХИТЕКТ РИКЕН ЈАМАМОТО Е ГОДИНАШНИОТ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА

    ЈАПОНСКИОТ АРХИТЕКТ РИКЕН ЈАМАМОТО Е ГОДИНАШНИОТ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДАВо текот на својата петдецениска кариера, Јамамото проектирал и приватни и јавни згради

    Јапонскиот архитект Рикен Јамамото е годинашниот добитник на Прицкеровата награда, своевидна Нобелова награда за архитектура. Во текот на својата петдецениска кариера, 78-годишниот Јамамото проектирал и приватни и јавни згради, нагласувајќи го духот на заедницата во сите простори, од станбени објекти, музеи и училишта до аеродромски центар и пожарникарска станица.

    Со силниот, конзистентен квалитет на неговите згради, тој има за цел да ги подобри и збогати животите на поединци и нивните социјални врски. За него, зградата има јавна функција, дури и кога е приватна“, објасни одборот за доделување на наградата.

    Јамамото, кој наскоро ќе наполни 79 години, кажа дека наградата е голем момент за него.

    Мојот занает не е едноставно да дизајнирам згради, туку да дизајнирам во контекстот на нивната околина, кој, се надевам, ќе влијае и на околината“, изјави тој.

    Еден од неговите карактеристични проекти е пожарникарската станица во Хирошима, чии фасада, внатрешни ѕидови и подови се направени од стакло, додека неговиот социјален станбен проект во Кумамото се состои од 110 домови во 16 кластери.

    Јамамото е 53. лауреат на Прицкеровата награда, која се состои од 100.000 долари и бронзен медалјон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира