РЕКВИЗИТЕРКАТА КОЈА ГО НАПОЛНИ ПИШТОЛОТ ЗА АЛЕК БОЛДВИН ПРОГЛАСЕНА ЗА ВИНОВНА ЗА НЕНАМЕРНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКА

    РЕКВИЗИТЕРКАТА КОЈА ГО НАПОЛНИ ПИШТОЛОТ ЗА АЛЕК БОЛДВИН ПРОГЛАСЕНА ЗА ВИНОВНА ЗА НЕНАМЕРНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКАХана Гутиерес-Рид сега се соочува со најмногу 18 месеци затвор (Фото: АП)

    Реквизитерката Хана Гутиерес-Рид, која го наполни пиштолот за актерот Алек Болдвин пред тој да ја застрела и убие кинематограферката Халина Хачинс, е прогласена за виновна за ненамерно убиство. Таа е ослободена од второто обвинение, за манипулирање со докази во врска со пукањето што се случи на снимањето на вестерн филмот „Раст“ во Ново Мексико во 2021 година.

    Дваесет и шестгодишната Гутиерес-Рид сега се соочува со најмногу 18 месеци затвор. На Болдвин исто така ќе му се суди за ова убиство.

    Хачинс (42) загина откако Болдвин случајно ја застрелал со пиштол во кој имало вистински куршум. Родителите и сестрата на Хачинс изјавија дека се задоволни со пресудата за Гутиерес-Рид, која би можела да биде добар знак за Болдвин. Неговите адвокати сега можат да тврдат дека на снимањето не било предвидено да има вистински куршум и дека тоа е одговорност на реквизитерот.

    Обвинителите рекоа дека Гутиерес-Рид не успеала да се погрижи оружјето да биде наполнето само со лажни куршуми, кои само изгледаат и звучат како вистински.

    Гутиерес-Рид била невнимателна и непромислена кога не забележала дека вистински куршуми се измешале со лажни во кутија со муниција на снимањето. Еден од тие куршуми бил во огненото оружје што го користел Болдвин“, рекоа обвинителите.

    Тие исто така презентираа докази дека Гутиерес-Рид, која на сведочеше на судењето, донела кутија со вистински куршуми од нејзиниот дом во Калифорнија кои полека се ширеле низ филмскиот сет во тек на 12 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира