Месецов ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош. Најпрво зонско паркирање ќе се воведе на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар.
ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила.
Од Општина Карпош велат дека со воведување на зонското паркирање ќе се воведе ред во хаосот со паркирање.