БРОЈНИТЕ ВИДУВАЊА НА НЛО ВЕРОЈАТНО БИЛЕ ТАЈНИ ВОЕНИ ТЕСТИРАЊА, ОБЈАВИ ПЕНТАГОН

    БРОЈНИТЕ ВИДУВАЊА НА НЛО ВЕРОЈАТНО БИЛЕ ТАЈНИ ВОЕНИ ТЕСТИРАЊА, ОБЈАВИ ПЕНТАГОНПентагон вели дека нема докази дека американската влада се соочила со вонземјани (Фото: Гети)

    Порастот на видувања на неидентификувани летечки објекти во 1950-тите и 1960-тите бил предизвикан од тестирања на напредни американски воени авиони и вселенска технологија, заклучи Пентагон. Нема докази дека американската влада се соочила со вонземски живот.

    Најголем дел видувања на НЛО биле обични предмети од Земјата, стои во извештајот што беше поднесен во Конгресот. Сепак, Пентагон прифаќа дека нивните истражувања нема да ги смират популарните верувања за вонземски посетители.

    Ширењето на телевизиски програми, книги и филмови и огромното количество содржини на интернет и социјалните мрежи поврзани со НЛО, најверојатно, влијаеле врз јавниот разговор на оваа тема и ги зајакнале овие верувања кај некои делови од населението“, се вели во извештајот.

    Извештајот е дел од пошироките јавни напори на американската влада да истражи неидентификувани летечки објекти, што вклучи и јавни средби со функционери на НАСА и сослушувања во Конгресот. Во извештајот се заклучува дека јавното мислење е под големо влијание на поп-културата.

    Особено упорен наратив е дека владата чува вселенски летала и остатоци од вонземјани и ги држи во тајност своите истражување за вонземјаните. Официјалните лица му пристапија на извештајот со отворен ум, но едноставно, не нашле докази за вонземски посетители“, изјави портпаролот на Пентагон.

    Според една анкета од 2021, 40% Американци веруваат дека вселенски летала ја посетиле Земјата.

    Во извештајот се наведува дека развојот на новите технологии довел до пораст на видувања на НЛО во 1950-тите и 1960-тите. Тие вклучуваа балони на голема височина и шпионскиот авион „Ју-Ту“, а според проценката на Централната разузнавачка агенција, за повеќе од половина од извештаите за НЛО било утврдено дека се американски извидувачки летови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира