ЕУ ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО БИХ

    ЕУ ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО БИХУрсула фон дер Лајен кажа дека БиХ направила поголем напредок за една година отколку за цела деценија (Фото: АП)

    Европската комисија денеска предложи отворање пристапни преговори со Босна и Херцеговина, осум години откако таа аплицираше за членство во блокот. БиХ доби статус на кандидат за членство во декември 2022.

    Откако ѝ дадовме статус на кандидат, Босна и Херцеговина направи импресивни чекори напред. Повеќе напредок беше постигнат за една година отколку за цела деценија. Се разбира, потребен е уште напредок за членство во ЕУ. Но, земјата покажува дека може да ги исполни критериумите. Иднината на БиХ е во Унијата“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Препораката на ЕК мора да биде одобрена од сите членки на Унијата, за што ќе се разговара следната недела во Брисел.

    Иако Брисел изрази загриженост што Република Српска заговара неутрален став за руската инвазија на Украина, а нејзиниот лидер Милорад Додик минатиот месец по четврти пат се сретна со Владимир Путин од почетокот на војната, Фон дер Лајен кажа дека БиХ е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира