Жители од населбата Недопирливи во Битола се пожалија дека при реконструкција на улица во оваа градската населба се исечени долгогодишни борови високи по неколку метри. Од Општина Битола велат дека не станува збор за сечење дрвја, туку за кастрење со дозвола издадена од Општинскиот инспекторат.
Во населбата се реконструира уличната мрежа, инвеститор е Министерството за транспорт и врски, проектната документација е на Општина Битола, а средства се обезбедени преку Светска банка.
Ж. ЗДРАВКОВСКА