МАСИТ И ФОНДАЦИЈАТА МАРЈАНОВИЌ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ДА ОБЕЗБЕДАТ КОМПЈУТЕРИ, КУРСЕВИ, ОБУКИ И МЕНТОРСТВО ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ

    МАСИТ И ФОНДАЦИЈАТА МАРЈАНОВИЌ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ДА ОБЕЗБЕДАТ КОМПЈУТЕРИ, КУРСЕВИ, ОБУКИ И МЕНТОРСТВО ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИИлија Господинов, претседател на управен одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Александар Марјановиќ, директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, потпишаа меморандум за соработка. (Фото: МАСИТ)

    Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка, со посебен фокус на децата без родители.

    Првата активност со која ќе започне соработката ќе биде промоција на Фондот за школување пред членовите на комората кој на децата без родители ќе им обезбедува компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, подготовка за вработување и реализирање 1-на-1 менторска програма за деца без родители.

    „Македонија може да стане пристојно место за живеење, особено за децата без родители со обединување на луѓе и организации кои поддржуваат вакви цели и вредности. Токму таков партнер најдовме во МАСИТ“, кажа Александар Марјановиќ, директор на Фондацијата, по потпишувањето на меморандумот.

    Од страна на МАСИТ, меморандумот го потпиша Илија Господинов, претседател на управен одбор на комората.

    „Веруваме во важноста на образованието, филантропијата и општествената одговорност и сме сигурни дека со заедничките напори можеме да направиме разлика во животите на многу деца“, рече Господинов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира