УСТАВНИОТ СУД НА ХРВАТСКА ПРЕСУДИ ДЕКА ЗОРАН МИЛАНОВИЌ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕМИЕР ДОДЕКА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

    УСТАВНИОТ СУД НА ХРВАТСКА ПРЕСУДИ ДЕКА ЗОРАН МИЛАНОВИЌ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕМИЕР ДОДЕКА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТАМилановиќ претходно кажа дека нема да поднесе оставка пред парламентарните избори (Фото: Кропикс)

    Уставниот суд на Хрватска пресуди дека Зоран Милановиќ мора да даде оставка на претседателската функција за да може да учествува на парламентарните избори во земјата.

    Милановиќ ја шокираше хрватската јавност кога во петокот ненајавено се појави на прес-конференцијата на Социјалдемократската партија (СДП), објавувајќи дека ќе биде нејзиниот премиерски кандидат на изборите што ќе се одржат на 17 април. По денешниот состанок кој траеше повеќе од два часа, Уставниот суд кажа дека неговиот план е неуставен и му издаде предупредување.

    Претседателот на државата не може да извршува ниедна друга функција. Претседателот е непартиска личност и не смее да учествува во активностите на ниедна политичка партија. Не смее да биде на листа како кандидат. Кандидирањето на претседателот на листата на која било политичка партија е неспоиво со неговата уставна положба и со начелото на поделба на власта. Ако се кандидира, мора да поднесе оставка“, стои во објаснувањето на Уставниот суд.

    Милановиќ претходно кажа дека нема да поднесе оставка пред парламентарните избори и во секој случај ќе биде кандидат за премиер, без оглед на одлуката на Уставниот суд.

    Ако уставните судии на ХДЗ ми забранат да бидам на листата, сеедно ќе победиме. Ќе бидам кандидат за премиер, не е битно дали сум на листата“, напиша Милановиќ на социјалните мрежи.

    Милановиќ стана претседател во 2020 како кандидат на СДП, а мандатот му истекува во февруари следната година. Тој беше премиер од 2011 до 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира