МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ СЕ ОПАСНОСТ ЗА МЛАДИТЕ, ВЕЛИ ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ БРИТАНКИ ПРЕД 110. РОДЕНДЕН

    МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ СЕ ОПАСНОСТ ЗА МЛАДИТЕ, ВЕЛИ ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ БРИТАНКИ ПРЕД 110. РОДЕНДЕНМарџори Ходнет смета дека децата под 16 години не би требало да поседуваат мобилен телефон (Фото: Би-Би-Си)

    Една од најстарите жени во Велика Британија ги советуваше младите да уживаат во денот и да ја избегнуваат опасноста што доаѓа од мобилните телефони. Марџори Ходнет, која на 1 април ќе наполни 110 години, призна дека мобилните телефони се најголемото откритие во нејзиниот живот, но смета дека децата под 16 години не би требало да ги поседуваат.

    Тие треба да ги запознаат луѓето како човечки суштества, а не работите на телефон“, кажа Ходнет.

    Таа имала неполни четири месеци кога почнала Првата светска војна и вели дека многу малку се сеќава на татко ѝ, кој заминал да се бори.

    Ходнет двапати се мажела, но двајцата нејзини сопрузи починале млади. Целиот работен век го поминала во образованието, поради што останала заинтересирана за младите и за тоа како живеат.

    Мојот главен совет за нив е секогаш да ја зграпчат можноста што им се нуди. Ако не го направат тоа, потоа ќе се прашуваат што можело да се случи“, кажа Ходнет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира