НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ВИРУСОТ ХИВ МОЖЕ ДА СЕ ОТСЕЧЕ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ КЛЕТКИ

    НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ВИРУСОТ ХИВ МОЖЕ ДА СЕ ОТСЕЧЕ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ КЛЕТКИПостојните лекови за ХИВ можат да го запрат вирусот, но не и да го елиминираат. (Фото: Гети)

    Научниците велат дека успешно го елиминирале вирусот ХИВ од заразените клетки, користејќи ја технологијата за уредување гени позната како Криспр која доби Нобелова награда. Технологијата функционира како ножици, но на молекуларно ниво, ја сече ДНК за да може да се отстранат или деактивираат „лошите“ делови. Постои надеж дека на крајот ќе може целосно да се ослободи телото од вирусот, иако е потребна многу работа за да се провери дали тоа ќе биде безбедено и ефикасно.

    Постојните лекови за ХИВ можат да го запрат вирусот, но не и да го елиминираат.

    Тимот од Универзитетот во Амстердам, презентирајќи синопсис или апстракт од нивните рани наоди на медицинска конференција оваа недела, нагласи дека нивната работа останува само „доказ за концептот“ и нема да стане лек за ХИВ во скоро време. И д-р Џејмс Диксон, вонреден професор за технологии за матични клетки и генска терапија на Универзитетот во Нотингем, се согласува, велејќи дека целосните наоди сè уште бараат проверка.

    „Ќе треба многу повеќе работа за да се докаже дека резултатите во овие клеточни анализи може да се случат во целото тело за идна терапија. Ќе треба многу поголем развој пред тоа да има влијание врз оние со ХИВ“, рече тој.

    ХИВ ги инфицира и напаѓа клетките на имунолошкиот систем, користејќи сопствена машинерија за да направат копии од себе. Дури и со ефективен третман, некои одат во мирна или латентна состојба – така што тие сè уште содржат ДНК или генетски материјал на ХИВ, дури и ако активно не произведуваат нов вирус.

    На повеќето луѓе со ХИВ им е потребна доживотна антиретровирусна терапија. Ако престанат да ги земаат овие лекови, заспаниот вирус може повторно да се разбуди и повторно да предизвика проблеми.

    Малкумина очигледно се „излечени“, откако агресивната терапија за рак избриша некои од нивните инфицирани клетки, но ова никогаш не би се препорачало само за лекување на ХИВ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира