„ЛА ЛА ЛЕНД“ СО РЕКОРДНИ 14 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    „ЛА ЛА ЛЕНД“ СО РЕКОРДНИ 14 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

    Мјузиклот „Ла Ла ленд“ доби 14 номинации за Оскар и го изедначи досегашниот рекорд што го држеа „Титаник“ и „Се за Ив“.„Ла Ла ленд“ е номиниран и за најдобар филм, за актери за Ема Стоун и Рајан Гослинг, за музика и за 32-годишниот режисер и сценарист Дамиен Чазел.

    За најдобар филм номинирани се и „Месечева светлина“ кој има вкупно 8 номинации, „Пристигнување“ со исто 8 номинации, „Манчестер на море“, „Гребенот на спасените“, „Лав“, „Огради“, „Скриени фигури“ и „По секоја цена“.

    По две години доминација на бели актери, 7-мина со друга боја на кожа се меѓу 20-те номинирани.

    Најголемо изненадување е номинацијата за Мел Гибсон,  кој има номинација за најдобар филм и за најдобар режисер за „Гребенот на спасените“. За најдобар режисер номинирани се и Денис Вилнев за „Пристигнување“, Дамиен Чазел за „Ла Ла ленд“, Кенет Лонерган за „Манчестер на море“ и Бери Џенкинс за „Месечева светлина“.

    Мерил Стрип, која претседателот Доналд Трамп неодамна ја нарече „преценета“, ја освои својата 20-та номинација за најдобра актерка во „Флоренс Фостер Џенкинс“, а номинирани се и Ема Стоун, Натали Портман за „Џеки“, Рут Нега за „Сакана“, и Избел Ипер за „Таа“.

    За најдобар актер номинирани се Гослинг, Кејси Афлек за „Манчестер на море“, Ендру Гарфилд за „Гребенот на спасените“, Виго Мортенсен за „Капетан Фантастик“ и Дензел Вашингтон за „Огради“.

    „Оган на море“ на италијанскиот автор Џанфранко Роси е меѓу номинираните за најдобар документарец.

    За најдобар странски филм номинирани се данскиот „Земја на мини“, шведскиот „Човекот наречен Ове“, иранскиот „Продавачот“, австралискиот „Тана“ и германскиот „Тони Ердман“.

    1. доделување на Оскарите ќе се одржи на 26 февруари во Холивуд, а водител ќе биде комичарот Џими Кимел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира