СТОТИЦИ ЛУЃЕ ЗАПАЛИЈА ЏОИНТ ВО БЕРЛИН ОТКАКО МАРИХУАНАТА СТАНА ЛЕГАЛНА ВО ГЕРМАНИЈА

    СТОТИЦИ ЛУЃЕ ЗАПАЛИЈА ЏОИНТ ВО БЕРЛИН ОТКАКО МАРИХУАНАТА СТАНА ЛЕГАЛНА ВО ГЕРМАНИЈАСите над 18 години ќе смеат да поседуваат до 25 грама марихуана (Фото: ДПА)

    Германија денеска стана најголемата членка на Европската Унија каде што марихуаната е легална. Од денеска, сите над 18 години ќе смеат да поседуваат до 25 грама марихуана и да одгледуваат три стебла во домашни услови.

    Пред Германија, марихуаната беше легализирана и во Малта во 2021 и во Луксембург во 2023 година.

    Откако новиот закон стапи на сила на полноќ, стотици луѓе запалија џоинт кај Бранденбуршката порта во Берлин.

    Следниот чекор во реформата е отворањето на „социјални клубови за канабис“ од 1 јули. Иако сѐ уште е нејасно како тие ќе функционираат, овие клубови ќе имаат до 500 членови, кои преку нив ќе се снабдуваат со најмногу 50 грама марихуана месечно.

    Дотогаш, корисниците не смеат да ѝ кажат на полицијата при улична проверка каде го купиле канабисот“, изјави Георг Вирт, директорот на Геманското здружение за канабис.

    Првичните планови за продажба на марихуаната преку лиценцирани продавници не беа одобрени од Европската Унија, но тоа ќе биде регулирано со втор закон, кој предвидува општинска петгодишна пилот-програма.

    Марихуаната останува забранета за лицата под 18 години, како и во кругот од 100 метри од училиштата, градинките и детските игралишта.

    Новиот закон предвидува и амнестија на 200.000 случаи поврзани со марихуаната, кои ќе мора да бидат проверени и процесуирани за кратко време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира