Најмасовна досега, со 3.420 учеснички, беше Авицена женската трка во Скопје, чие што 12. издание се одржа денеска.
Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а најдобар резултат имаше Теа Божиновска од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“, која трите километри ги помина за 11:01 минути.
Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.