БЕГАЛЕЦ ПРЕМРЗНАЛ ВО ЦИСТЕРНА ПАТУВАЈЌИ СО ВОЗ ДО ТАБАНОВЦЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕГАЛЕЦ ПРЕМРЗНАЛ ВО ЦИСТЕРНА ПАТУВАЈЌИ СО ВОЗ ДО ТАБАНОВЦЕ

    Млад бегалец од Алжирец премрзнал во цистерна за превоз на хемикалии во товарен воз кој сообраќал од Гевгелија кон Србија, додека се обидувал нелегално да ја помине македонско-српската граница. Мигрантот бил откриен од граничната полиција на Табановце и предаден во кампот, каде се пожалил дека му било многу студено додека патувал и има проблеми со нозете.

    „Претставници на Црвениот крст пред 4 дена на нашето одделение донесоа мигрант на возраст од околу 20 години со смрзнатини на нозете. По извршениот преглед констатирано е дека му смрзнале прстите и стапалото на десната нога. Хируршки е интевренирано и сместен е на одделението, се наоѓа во стабилна состојба. Човекот покрај тоа што беше премрзнат беше и прегладнет“, – вели Методија Димковски, началник на хируршкото одделние во Кумановската болница.

    На хируршкото одделение во Кумановската болница лежи и 78-годишен маж од кумановско село со премрзнати прсти на рацете. (Фото: СДК.МК)

    На хируршкото одделение во Кумановската болница лежи и 78-годишен маж од кумановско село со премрзнати прсти на рацете. (Фото: СДК.МК)

    Од Транзитниот центар Табановце кажуваат дека мигрантот имал среќа што останал жив, бидејќи испарувањето на хемикалиите во цистерната можело да биде фатално по неговото здравје.

    „Не знаеме каде влегол во цистерната, но можел да се задуши. За негова среќа, додека да се завршат граничните формалности полицијата го открила. Сам беше во цистерната, а дали патувал со уште некого друг ќе се испитува откако ќе оздрави“, – вели Горан Стојановски, раководител на кампот Табановце.

    Пред 4 дена во Кумановската болница бил донесен мигрант на возраст од околу 20 години со смрзнатини на нозете. (Фото: СДК.МК)

    Пред 4 дена во Кумановската болница бил донесен мигрант на возраст од околу 20 години со смрзнатини на нозете. (Фото: СДК.МК)

    Стојановски додава дека ова е втор случај да смрзне мигрант на ниските температури од почетокот на годината. Пред петнаесетина дена, во Лојане било пронајдено премрзнато 16-годишно момче и донесено кај нив. Тие му пружиле прва помош, а примал терапија во Кумановската болница, по што му е одреден старател и префрлен на лекување на Скопските клиники.

    На хируршкото оддление во Кумановската болница лежи и 78-годишен маж од кумановско село, на кого му премрзнале прстите на рацете додека работел во дворот. Човекот раскажува дека на Божиќ, излегол приквечер да го затвори добитокот и живината во дворот. Било многу студено и рацете му се лепеле на студената метална површина која ја допирал, но не претпоставил дека студот толку ќе му наштети. Добил смрзнатини на прстите на двете раце, поради што е опериран и сега се опоравува.

    Лекарите кажуваат дека во последните 15 дена во Кумановската болница помош побарале околу 500 граѓани, поради повреди од пад на лизгавите тротоари и улици каде не е исчистен снегот и марзот, од кои стотина добиле скршеници.

    „Дневно доаѓаат по 30-40 пациенти од кои 10 со скршеници од секаков вид, од прст до глава. Најчесто се скршеници на рацете кои ги третираме ние, а потешките случаи ги праќаме во Скопје. Работата во однос на крајот на минатата година ни е зголемена е за 30-40 отсто“, велат лекарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира