СУДИРОТ СО ИРАН НЕ Е ГОТОВ, КАЖА ИЗРАЕЛ, ЧИЈ ВОЕН КАБИНЕТ ПОПЛАДНЕВО ЌЕ РАЗГОВАРА ЗА ОДГОВОРОТ НА ВОЗДУШНИОТ НАПАД

    СУДИРОТ СО ИРАН НЕ Е ГОТОВ, КАЖА ИЗРАЕЛ, ЧИЈ ВОЕН КАБИНЕТ ПОПЛАДНЕВО ЌЕ РАЗГОВАРА ЗА ОДГОВОРОТ НА ВОЗДУШНИОТ НАПАДОд територијата на Иран, Ирак и Јемен ноќеска беа лансирани над 300 дронови и проектили (Фото: ЕПА)

    Судирот помеѓу Израел и Иран не е завршен, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, еден од тројцата луѓе кои го сочинуваат израелскиот воен кабинет.

    Овој кабинет, во кој уште членуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Бени Ганц, ќе се состане попладнево за да разговара за одговорот на ноќешниот ирански напад со дронови и проектили, кој целосно беше спречен од противвоздушната одбрана на Израел со помош од сојузниците. Министрите од владата на Нетанјаху ноќеска гласаа целата надлежност околу одговорот на Иран да се префрли на овој мал кабинет.

    Државата Израел беше нападната со стотици проектили и дронови и Израелските одбранбени сили го спречија нападот на импресивен начин. Ова не е готово, мора да бидеме спремни на секое сценарио“, изјави Галант.

    Од територијата на Иран, Ирак и Јемен ноќеска беа лансирани околу 170 дронови, 120 балистички проектили и 30 крстосувачки ракети, од кои, како што кажа израелската војска, биле пресретнати 99%, најголем дел уште пред да стигнат до Израел. Десетици биле соборени од страна на американски воени авиони и бродови, а Израел кажа дека во одбраната учествувале и Велика Британија, Франција и Јордан.

    Иран се закани со одмазда откако Израел го бомбардираше иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, при што загинаа и генерали на Иранската револуционерна гарда. Техеран се закани дека повторно ќе нападне со уште поголема сила ако Израел се одмазди за овој напад и ги предупреди САД да не се мешаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира