ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО БЕЗ ПРЕСЕДАН ВО ИСТОРИЈАТА НА САД, ТРАМП ВО СУДНИЦА ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА ЗА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС

    ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО БЕЗ ПРЕСЕДАН ВО ИСТОРИЈАТА НА САД, ТРАМП ВО СУДНИЦА ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА ЗА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛСТрамп е обвинет за фалсификување деловни книги за да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс (Фото: АФП)

    Доналд Трамп денеска ќе стапне во судница во Њујорк и ќе стане првиот бивш претседател на САД на кого му се судело за кривично дело. Тој е обвинет за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016.

    Трамп се соочува со најмногу четири години затвор ако биде осуден, но поверојатно е дека ќе помине со парична казна. Тој веќе се изјасни како невин.

    Историското судење на Трамп ќе се одвива паралелно со неговата претседателска кампања и експертите велат дека ова е невидено во американската историја.

    Ова е без преседан. Ништо не може да се спореди со ова“, изјави Алекс Кејсар, професор по историја и јавни политики на Универзитетот Харвард.

    Се очекува судењето да трае меѓу шест и осум недели и ќе се фокусира на надоместокот што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен. Тој тврди дека му било наредено да ѝ плати 130.000 долари на Даниелс, со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп, што обвинителите го опишуваат како обид за незаконско влијание врз изборите во 2016.

    Ваквите исплати не се нелегални, но јавното обвинителство на Менхетн смета дека Трамп направил кривично дело со неправилното евидентирање на надоместокот за Коен како правни трошоци. Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. Се очекува на судењето да сведочат и Даниелс, Коен и личниот адвокат на Трамп, кој заврши во затвор делумно поради овој скандал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира