ИРАНСКИОТ НАПАД НЕМА ДА ПОМИНЕ БЕЗ ОДГОВОР, КАЖА ШЕФОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА

    ИРАНСКИОТ НАПАД НЕМА ДА ПОМИНЕ БЕЗ ОДГОВОР, КАЖА ШЕФОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКАИран кажа дека воздушниот напад ја исполнил својата цел (Фото: АП)

    Шефот на Израелските одбранбени сили Херци Халеви изјави дека иранскиот воздушен напад врз Израел нема да помине без одговор.

    Ги разгледуваме следните чекори. Ќе одговориме на лансирањето на толку многу проектили и дронови кон израелската држава“, кажа Халеви, кој ја посети воздушната база „Неватим“ во јужен Израел, која беше погодена викендов.

    Воениот кабинет на Израел се состана вчера за да разговара како да му се одговори на Иран за досега невидениот напад, но формална одлука не беше соопштена. „Ченл 12“ објави дека се разговарало за повеќе опции и секоја предвидува „болен“ одмазднички напад што не би предизвикал регионална војна.

    Од територијата на Иран, Ирак, Сирија и Јемен беа лансирани повеќе од 300 проектили и дронови, но Израел кажа дека 99% од нив биле соборени уште пред да стигнат до земјата, во што учествуваа и САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

    САД, Европска Унија и Велика Британија го повикаа Израел на воздржаност, со цел да се избегне поширок конфликт. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахаин кажа дека Иран ќе одговори уште посилно ако Израел се одмазди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира