ЗАТВОРЕНИ 14 ОСНОВНИ ШКОЛИ ЗА ЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА, ОД НИВ 11 БИЛЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И 3 НА АЛБАНСКИ

    ЗАТВОРЕНИ 14 ОСНОВНИ ШКОЛИ ЗА ЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА, ОД НИВ 11 БИЛЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И 3 НА АЛБАНСКИБројот на ученици во основните училишта е намален за 1,4%. (Фото: МОН)

    На крајот на учебната 2022/23 година во Македонија имало 14 основни училишта помалку во споредба со претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, објавени денеска.

    На крајот на учебната 2022/23 година имало 962 основни училишта, а претходната година биле 976. Од нив, на македонски јазик биле 701, 11 помалку од претходната година, а 287 биле на албански јазик, што е три помалку од претходната година. Има основни училишта и на турски, српски и босански јазик.

    Што се однесува до бројот на ученици во основните училишта, на крајот на 2022 учебната 2022/2023 година, тој изнесува 182.245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година.

    Средни училишта нема затворено, но и таму се намалува бројот на ученици, и тоа за 3,9%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира