СЕ СПРЕМА ДРЖАВЕН УДАР, КАЖА ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ОТКАКО УСТАВНИОТ СУД КАЖА ДЕКА ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР

    СЕ СПРЕМА ДРЖАВЕН УДАР, КАЖА ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ОТКАКО УСТАВНИОТ СУД КАЖА ДЕКА ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕМИЕРНа 18 март, Уставниот суд пресуди дека Милановиќ мора да даде оставка на претседателската функција за да може да учествува на парламентарните избори (Фото: АП)

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека се спрема државен удар откако Уставниот суд објави дека тој не може да биде иден премиер или мандатар за состав на новата хрватска влада. Претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ кажа дека секое поинакво толкување ги загрозува повеќепартискиот парламентарен демократски уставен поредок и владеењето на правото.

    Милановиќ имаше шанса, но сега е веќе доцна. Со своите изјави и однесување, односно со учеството во кампањата беа да поднесе оставка од претседателската функција, Милановиќ се доведе во позиција да не може да биде премиер или мандатар“, изјави Шепаровиќ.

    На 18 март, Уставниот суд пресуди дека Милановиќ мора да даде оставка на претседателската функција за да може да учествува на парламентарните избори, откако тој претходно објави дека ќе ја предводи изборната листа на Социјалдемократската партија (СДП).

    Уставниот суд не може ништо да направи. Изборите се одржаа, одлучува волјата на граѓаните, не уставните судии. Мнозинството може да избере кого било за мандатар. Некои велат дека ова е државен удар. Не, ова е подготовка за државен удар. Јас не мора да бидам мандатар, за тоа ќе одлучи парламентарното мнозинство“, кажа Милановиќ.

    На изборите во средата, владејачката Хрватска демократска заедница освои 19 пратенички мандати повеќе од СДП, но двете партии и натаму имаат шанси да формираат влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира