РУСИЈА ОДИ ВО ОФАНЗИВА НА ЧАСИВ ЈАР СО НАД 20.000 ВОЈНИЦИ, УКРАИНА ЧЕКА ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВАШИНГТОН

    РУСИЈА ОДИ ВО ОФАНЗИВА НА ЧАСИВ ЈАР СО НАД 20.000 ВОЈНИЦИ, УКРАИНА ЧЕКА ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВАШИНГТОНУкраинската војска има голема потреба од артилериски гранати и противвоздушна одбрана (Фото: Гети)

    Русија довела 20.000-25.000 војници во обид да го освои стратешки важниот град Часив Јар во источна Украина, вели украинската војска, признавајќи дека ситуацијата е тешка.

    Украина има целосна контрола врз реонот на Часив Јар, кој е сместен на висорамнина во делумно окупираниот регион Доњецк, но заповедниците на украинската војска кажаа дека Русија сака да го освои до 9 мај, кога се одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. Падот на Часив Јар би ги доближил руските сили до Краматорск и Славјанск, последните големи украински упоришта во Доњецк.

    Ситуацијата околу градот е тешка, но под контрола. Нашите бранители добиваат засилување. Околу 25.000 руски војници се обидуваат да упаднат во Часив Јар и во околните населби“, изјави портпаролот на источната команда на украинската војска, Назар Волошин.

    Додека руската војска постепено напредува на источниот фронт, Украина чека добри вести од Вашингтон. По неколкумесечните блокади, нацрт-законот за помош на Украина од 61 милијарда долари во саботата беше изгласан во Претставничкиот дом и денеска ќе се најде во Сенатот, каде што веќе беше одобрен во февруари. Претседателот Џо Бајден кажа дека веднаш потоа ќе го потпише со цел неопходните нови залихи на оружје и муниција што побрзо да стигнат на бојното поле во Украина.

    Украинските желби не се тајна: артилериски гранати и противвоздушна одбрана, што за првпат треба да ги вклучи системите со долг дострел „АТАЦМС“, со кои можат да се напаѓаат цели оддалечени до 165 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира