ТРИГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА ЗА РУСКИОТ СВЕШТЕНИК КОЈ ОДРЖА ПАРАСТОС ЗА НАВАЛНИ

    ТРИГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА ЗА РУСКИОТ СВЕШТЕНИК КОЈ ОДРЖА ПАРАСТОС ЗА НАВАЛНИСвештеникот Дмитри Сафронов го водеше парастосот за Навални на 26 март, на кој присуствуваа илјадници луѓе (Фото: ТАСС)

    Московската епархија на Руската православна црква му изрече тригодишна суспензија на свештеникот кој одржа парастос за починатиот опозиционер Алексеј Навални. Епархијата не кажа која е причината за суспензијата на Дмитри Сафронов, на кого му се забранува да ги врши сите свештенички должности до 2027 година.

    Сафронов исто така е преместен во друга црква во Москва.

    По завршувањето на периодот на покајание, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, соопшти епархијата.

    Сафронов го водеше парастосот за Навални на 26 март, на кој присуствуваа илјадници луѓе. Најжестокиот критичар на Владимир Путин почина во февруари на 47 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира