РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА НА НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ НА КИНОТЕКАТА

    РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА  НА НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ НА КИНОТЕКАТАПопов на снимањето на „До балчак“. (Фото: „Триангл филм“)

    Режисерот, сценарист, продуцент и професор Столе Попов е годинашен добитник на наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија, која се доделува на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

    Наградата ќе му биде врачена на крајот на мај.

    Досегашни добитници на ова признание, досега биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

    Попов е роден 1950 во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград.

    Од 1981 Попов снима играни филмови и досега има реализирани пет долгометражни наслови кои постигнале врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот, како : „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и последниот во 2014, „До балчак“.

    Во 2011 неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание, што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од Кинотеката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира