МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОСУДЕНИ НА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ГРЦИЈА ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ГИ ФАТИЛА СО СТОТИЦИ ФАЛСИФИКУВАНИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

    МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОСУДЕНИ НА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ГРЦИЈА ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ГИ ФАТИЛА СО СТОТИЦИ ФАЛСИФИКУВАНИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИТие биле уапсени откако при претрес на граничниот премин кај нив биле пронајдени 599 фалсификувани бланко документи. (Фото: СДК.МК)

    Двајца македонски државјани се осудени на по 5 години затвор од судот во Кукуш откако претходно грчката полиција ги уапсила на граничниот премин Дојран. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие биле уапсени откако при претрес на граничниот премин кај нив биле пронајдени 599 фалсификувани бланко документи.

    При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени.

    Од грчката полиција кажаа дека кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи, како лични карти, возачки дозволии дозволи за престој од разни европски земји, кои биле одземени.

    Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

    Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштето не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира